Кина одговори на американските обвинувања во врска со белиот балон и вкупно четирите неидентификувана летала. Според Пекинг, САД летале балони во кинескиот воздушен прпстор повеќе од 10 пати изминатата година, јави Би-Би-Си.
– Не е невообичаено САД илегално да навлезат во воздушниот простор на други земји – рече портпаролот на Министерството за надворешни работи Ванг Венбин на редовниот брифинг со новинарите.
– Само лани, американските балони нелегално летаа над Кина повеќе од 10 пати без никакво одобрение од кинеските власти.
Ванг рече дека Пекинг одговорил на упадите на „одговорен и професионален“ начин. Тој не даде повеќе информации во врска со наводните „американски балони“.
– Ако сакате да дознаете повеќе за американските балони на висока височина кои нелегално влегуваат во воздушниот простор на Кина, предлагам да се повикате на американската страна – изјави тој.
– Првата работа што треба да ја направи американската страна е да започне со чиста листа, да се подложи на саморефлексија, наместо да ја оцрнува и обвинува Кина – истакнува шефот на кинеската дипломатија.
Вашингтон допрва треба да одговори на наводите од Пекинг.
Првиот инцидент со балон го натера американскиот државен секретар Антони Блинкен да го откаже планираното патување во Пекинг. Највисокиот дипломат го нарече наводното кинеско шпионирање на голема височина „неприфатливо и неодговорно“.
Во неделата, САД наредија да се урне беспилотна „октагонална структура“ во Мичиген во близина на канадската граница – ова беше четврти објект што беше соборен во осум дена. Пилоти на ловци, исто така, соборија помали неидентификувани објекти над Алјаска на 10 февруари и северна Канада на 11 февруари.
Сепак, Кина „нема разбирање за (овие други предмети)“.
– Она што сакаме да им го кажеме на сите овде е дека честото американско истрелување на напредни ракети што се користат за гаѓање на неидентификувани летечки објекти е прекумерна реакција на прекумерна сила – изјави кинескиот министер за надворешни работи Ванг.
Американскиот командант на воздухопловните сили, генерал Глен Ван Херк, изјави дека нема индикации за каква било закана од најновиот објект.
Тој рече дека тоа може да биде „балон на гас“ или „некој тип на погонски систем“, додавајќи дека не може да се исклучи предметите да бидат и вонземски.