САД им порачаа на своите граѓани веднаш да ја напуштат Русија поради војната во Украина, бидејќи полицијата во земјата може неоправдано да ги приведе или малтретира.
„Американските граѓани што живеат во Русија треба веднаш да ја напуштат таа земја. Особено пазете се од произволни апсења. Не патувајте во Русија“, се вели во соопштението на американската амбасада во Москва.
САД постојано ги предупредуваaт своите граѓани да ја напуштат Русија. Последното такво официјално предупредување беше издадено во септември лани, откако рускиот претседател Владимир Путин нареди делумна мобилизација.
– Руските безбедносни служби уапсија американски државјани под лажни обвиненија, ги приведоа и ги малтретираа, им негираа фер и транспарентен третман и ги осудуваа во тајни судски процеси или без веродостојни докази. Руските власти произволно ги спроведуваат локалните закони против членовите на американските верски организации, покренаа сомнителни кривични истраги против американските граѓани вклучени во верски активности“ – потсетува амбасадата.
Ваквите најави ги поттикна аналитичарите да шпекулираат дека се подготвува „нешто големо“, најверојатно поврзано со годишнината од почетокот на војната во Украина – 24 февруари, што би можело да ги поттикне Русите на одмазнички дејствија кон сите американски граѓани што ќе се затекнат на нејзина територија.