СОС Детско село потпиша договор со ЈК „Травел“ за новата кампања „Ти летуваш, ЈК „Травел“ донира“

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

СОС Детско село денеска потпиша договор со „ЈК „Травел“ за новата кампања „Ти летуваш, ЈК „Травел“ донира, преку која компанијата од секој уплатен аранжман донира средства во СОС Детско село со цел децата кои се згрижени во таа организација да имаат поквалитетен живот. Кампањата ќе трае до 22 јуни 2023 година.

– Секоја донација за нас е важна и потребна за обезбедување на квалитетна грижа и поддршка за 460 деца кои мометално се со подршка од СОС Детско село. Партнерството и соработката со ЈК „Травел“ е показател за агенција со визија за општествена одговорност, така што сите средства ќе бидат наменети за потребите на децата, а сите одвоени средства со купувањето на летен аранжман во Агенцијата, кај нас менува животи, вели Рахела Евтимова, експерт за коорпоративни партнерства од СОС Детско село.

ЈК „Травел“ планира да организира и тим билдинг заедно за вработените и со децата, ќе засадуваат дрвја и ред други активности, бидејќи според нив секој детски сон заслужва да се оствари.

– Навистина сме среќни како туристичка агенција што започнавме со кампањата и години наназад сме општествено одговорни. Токму со оваа кампања сакаме да бидеме пример и за останатите компании секогаш да им даваме поддршка на оние кои им е најпотребно. Со кампањата сакаме да ги поттикнеме вистинските вредности кај луѓето, колку е важна вистинската грижа за другите, во овој случај поточно грижата на децата и младите без родители и родителска грижа да имаат топол дом, да растат во семејство, да бидат среќни, да имаат среќно и безгрижно детство, така што ајде заедно да го сториме тоа преку „Ти летуваш, ЈК Травел донира“, потенцираше Елизабета Кочева – Косифовска од туристичката агенција ЈК „Травел“.

СОС Детско село веќе 20 години е посветено на грижа на деца и млади без родители и родителска грижа, од таму и потребата на ЈК „Травел“ се вклучија за да ги поддржат.

Share This Article