More

    Бесправно исекла 207 кубни метри дрва од Осоговијата

    spot_img

    Против приватна фирма од Кочани и против нејзиниот директор поднесена е кривична пријава за дело „пустошење шума“ затоа што без договор со надлежно јавно претпријатие, во заштитено подрачје, исекла и транспортирала 97 букови стебла, од кои складирала вкупно околу 207 кубни метри дрва, информира полицијата.

    На 10.02.2023 Одделението за внатрешни работи Кочани поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Кочани против правно лице од Кочани и против В.Т.(53) од Кочани, како одговорно лице во правното лице, за сторено кривично дело „пустошење шума” по член 226 став 5 в.в. став 1 и 2 од Кривичниот законик. Пријавените, спротивно на закон, без да имаат склучен писмен договор со ЈП „Национални шуми” Скопје – ПШС „Осогово” Кочани за извршување на работи на шумска култура за активностите сеча и дотур во ШСЕ „Злетовска река – Пониква”, во шума во државна сопственост прогласена за заштитен предел, лоциран на Осоговските Планини, на м.в. „Бунари”, во месец септември 2022 извршиле бесправна сеча на буковa дрвна маса со вкупна количина од 207,44 м3.

    Имено, пријавените во периодот од 22 до 30.09. 2022 извршиле бесправна сеча на 97 букови стебла во количина од 119,44 м3, кое бесправно ги складирале подготвени за превоз, а бесправно исеченото буково дрво – трупци во количина од 88м3 го оставиле во сечиштето. Бесправно исечените трупци и бесправно складираното буково огревно дрво (нежигосано) се пронајдени во ШСЕ „Злетовска река – Пониква”, во вкупна количина од 207,44 м3, одземени се и предадени на ЈП „Национални шуми” Скопје – ПШС „Осогово” Кочани“ – соопшти Министерството за внатрешни работи.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img