More

    Дојави за поставени бомби се регистрирани денеска во неколку основни училишта и институции во Софија

    spot_img

    Дојави за поставени бомби се регистрирани денеска во неколку основни училишта и институции во Софија, јавија бугарските медиуми.

    Учениците од вторите смена од четири основни училиште биле ослободени од часови и наставата ќе ја продолжат он-лајн. Учениците и наставниците биле евакуирани, а родителите биле повикани да си ги земат децата од школите. Полициски екипи ги проверуваат зградите – пишуваат софиските медиуми.

    Поради дојави за бомби изутринава биле затворени и евакуирани зградата на Регионалниот софиски суд, како и Судската палата. И таму полицијата извршила проверки и открила дека дојавите се лажни.

    Дојавите за бомби почнаа најпрво во Србиија, постојано ги има во Македонија, имаше неколку дојави во Црна Гора и во БиХ, а стануваат сè почеста појава и во Бугарија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img