Актерката Салма Хаек била однесена од нејзините родители и брат на сопствената венчавка.
Салма е во брак со францускиот милијардер Франсоа Анри Пино, кој, како што објаснила актерката во едно интервју, морал навистина напорно да работи за да ја доведе до матичар.
Всушност, Салма имала голем страв и одбивност кон бракот.
– Се срамам да кажам колку пати ме побара да се омажам за него – три пати. И наместо да замине, тој остана и беше упорен – рекла Салма и открила дека всушност не ни знаела дека тој ден ќе се мажи.
– Тоа беше како интервенција. Само ме одвлекоа до матичар. Моите родители, брат ми сите скокнаа врз мене – рекла Салма.
Кога дознала што се случува, била преплашена, но не можела да одбие.
– Потоа сѐ беше во ред. Не се чувствував поинаку, дури беше возбудливо. Прашав дали сега можеме да одиме на забава – открила актерката.
Два месеци подоцна, тие направиле церемонија за семејството и пријателите во Венеција, каде што се запознале во 2006 година.
– Кога станува збор за годишнини, тие се многу забавни. Знам да готвам, па му се допаѓа кога готвам, но правам изненадување, нешто различно, како декорација на пример. Или тој ме носи некаде, или крие подароци – додала Слма, пренесува „Бестлајф“.
ФОТО: Инстаграм