Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Температурата ќе се движи од 2 до 8 степени.
Во Скопје претежно сончево со слаб ветер од северен правец.Температурата ќе достигне до 5 степени.
И во сабота ќе се задржи претежно сончево време со ниски утрински температури. Во недела ќе има зголемување на облачноста и услови за провејување на слаб снег на планините и на повисоките места. Од понеделник времето ќе биде стабилно со пораст на утринските и дневните температури.