More

    Шолц призна дека ЕУ ветила брз влез во Унијата, но и по 20 години ништо од тоа

    spot_img

    Германскиот канцелар Олаф Шолц утрово при пристигнувањето на самитот на ЕУ во Брисел изјави дека Унијата треба да ја одреди брзината со која земјите од Западен Балкан, Украина, Молдавија и Грузија ќе се приближат кон Унијата.

    Според зборовите на германскиот канцелар, интеграцијата на овие земји во ЕУ треба да биде успешна, но тоа имплицира дека овие земји ги исполнуваат критериумите како владеење на правото, демократски и економски услови.

    ЕУ им даде перспектива на сите овие земји и сега треба да го одреди патот на приближување.

    – Ова се однесува на сите земји и сите земји прават напори. Но, не смееме да дозволиме историјата да се повтори – нагласи тој, додавајќи дека пред 20 години во Солун, ЕУ им ветила на земјите од Западен Балкан и дека „сите мислеле дека овие земји ќе бидат членки во период од две до осум години, но 20 години подоцна тоа не се случи“.

    – Сега е клучно – како што вели Шолц, Унијата да ги дефинира своите ветувања.

    – Сега треба да бидеме многу јасни за брзината на интеграцијата и да ги разјасниме нашите лични одлуки меѓу себе – рече Шолц.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img