More

    Зеленски ја обвини Русија дека сака да го уништи европскиот начин на живот

    spot_img

    Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска пред Европскиот парламент во Брисел истакна дека одбраната на украинската територија од руската инвазија е и одбрана на Европа.

    – Ние се браниме себеси, ние ве браниме вас. Само нашата победа ќе ги заштити европските вредности – рече Зеленски во обраќањето пред Европскиот парламент.

    Тој посочи дека Русија настојува да го уништи европскиот начин на живот.

    – Нема да дозволиме. Оваа целосна војна не е само за копно. Кремљ цинично и намерно, од година во година, чекор по чекор, се обидува да ги уништи европските вредности, како што руските власти ја уништија вредноста на човечкиот живот. Никој во Русија, ако не е во Кремљ, не е почитуван – резимира тој.

    Како што оцени, Украина се брани од силата која најмногу е против Европа во современиот свет. Зеленски денеска во Европскиот парламент во Брисел беше пречекан со аплауз на пратениците.

    Претседателот на Украина денеска по посетата на Лондон и Париз ќе учествува на самитот на шефови на држави или влади на Европската унија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img