Францускиот сатиричен весник Шарли Ебдо вчера објави карикатура по повод разорниот земјотрес во Турција и Сирија, во кој загинаа илјадници луѓе и предизвика бројни реакции.
На црно-белиот цртеж се уништени згради, на врвот на цртежот е испишано „Земјотрес во Турција“, а на дното е коментарот: „Не е потребно ни да се испраќаат тенкови“. Мотивот на авторот веројатно бил да укаже на односот на турските власти кон Курдите, пренесува TRT World.
По овој цртеж има бројни коментари за осуда на срамната карикатура.
„Дури и Турците беа Шарли Ебдо, да ја споделат вашата болка, а вие денес се осмелувате да се потсмевате на страдањата на целата нација. Навистина треба да имаш храброст за тоа кога се уште има бебиња кои чекаат помош под урнатините“, е еден од коментарите.
Инаку, неделникот Шарли Ебдо со години ја шокира јавноста со своите карикатури и илустрации.