Ќе има и директна линија Скопје-Њујорк

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Владата го усвои планот за активности што произлегуваат од Стратешкиот дијалог со САД. Со ова го потврдуваме силниот сигнал дека САД се наш стратешки партнер и тоа за нас како држава е од голема важност, изјави денеска премиерот Димитар Ковачевски на заедничката прес-конференција со шефот на дипломатијата Бујар Османи во Владата.

– Сметам дека предизвиците никогаш не се толку тешки, кога имаме пријатели и партнери. Северна Македонија гледано низ годините наназад се соочи со огромни предизвици, донесе уште потешки одлуки, а поддршката на САД во целиот временски период беше од огромно значење за нас. Нашиот стратешки партнер беше и сè уште е наша поддршка за европската перспектива за земјава, рече Ковачевски.

Од голема важност за нас, додаде тој, е безусловната подготвеност и готовност на американската администрација да ги преземе сите неопходни чекори за нашата држава што поскоро да ги заврши преговорите со ЕУ, бидејќи тоа е исто така стратешки интерес и на САД.

Тој нагласи дека зајакнувањето на билатералните односи со САД значат модерни закони, безусловно независна борба против корупцијата и криминалот, праведно и правично правосудство, но и правна и економска безбедност на нашата држава.

Шефот на дипломатијата Османи рече дека првата област на интензивирана соработка и приоритетна активност во рамките на планот за активности е владеењето на правото и борбата против корупцијата.

– Утврдивме и посебно поглавје во планот на активности што се однесува на имплементацијата на антикорупциската политика. Предвидени се активности што имаат за цел поддршка на судските реформи, преку споделување на стручно знаење, а се со цел зголемување на кредибилитетот и довербата во судството – рече Османи.

Во делот на економската соработка, Османи го истакна планираното воспоставување соработка со Корпорацијата на САД за финанисирање меѓународен развој (US International Development Finance Corporation – DFC), што, како што рече, е и нашиот долгорочен интерес за отворање на регионално претставништво на оваа институција во Северна Македонија.

– Предвидовме и проекти кои што имаат за цел надминување на енергетските предизвици со кои сите се соочуваме и во таа насока планираме изготвување план за поддршка на енергетска диверзификација. Планираме организирање на голем бизнис форум меѓу двете земји, како и посета на потенцијални американски инвеститори, а ќе се заложиме и за воспоставување директна авиолинија Скопје-Њујорк што има за цел дополнително доближување на земјите и зајакнување на економската соработка и бизнис релациите – истакна Османи.

Министерот додаде дека планот за активности содржи и проекти кои се однесуваат на културната размена, зајакнувањето на образовната соработка, како и зајакнување на врските меѓу академските заедници, кои се насочени кон унапредување на врските меѓу луѓето и доближување на народите од двете земји.

- Advertisement -
Ad image

– Со цел успешна практична имплементација на донесениот План на активности, сите министерства, институции и агенции од земјава кои имаат надлежности во спроведувањето на Планот за активности ќе номинираат лица кои ќе ја следат реализацијата на активностите од нивна надлежност и квартално ќе доставуваат информација за нивниот статус и динамика на реализација до Министерството за надворешни работи како координатор на целокупниот процес, заклучи Османи на заедничката прес-конференција со премиерот Ковачевски, посветена на Стратешкиот дијалог со САД.

Share This Article