Земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди рано утринава јужна Турција и беше почувствуван во поголем дел од земјата, како и во неколку земји во регионот, вклучително и соседна Сирија. Катастрофалниот земјотрес се случи во 4:17 часот по локално време на длабочина од приближно 17,9 километри. Неколку часа подоцна, околу 11:30 часот по наше време, се случи уште еден разорен земјотрес со јачина од 7,7 степени. Според досегашните расположливи податоци, повеќе од 2.400 луѓе загинале во Турција и Сирија, а илјадници се повредени.