Премиер лигата го обвини Манчестер Сити дека прекршил бројни финансиски правила. Обвиненијата се однесуваат на финансиски информации во врска со приходите, детали за платите на менаџерот и играчите, прекршувањето на прописите на УЕФА и соработката со истрагите од Премиер лигата.
Документацијата за сите наводни прекршувања, кои датираат од сезоната 2009/10, челниците на Премиер лигата ја проследија до независна комисија, која ќе го испита целиот случај. Истрагата во Премиер лигата траеше четири години.
Доколку се утврди дека обвинувањата се точни, Сити ќе се соочи со голем број финансиски казни. Исто така, на актуелните шампиони оваа сезона би можеле да им бидат одземени неколку бодови, што автоматски би ги исфрлило од трката за титулата.
Сити, кој освои четири од последните пет титули во Премиер лигата, моментално е втор на табелата со пет бода и натпревар помалку пред Арсенал.