More

    Скопје е меѓу 50-те најпосакувани дестинации на Форбс за годинава

    spot_img

    Градот Скопје осамна на листата на 50 градови кои треба да ги посетите во светот, според магазинот Форбс. Магазинот ги фали кафаните во Дебар Маало поради автентичната храна која тие ја служат заедно со живата музика, а се спомнува и кањонот Матка кој според нив не смее да се пропушти. Се вели и дека може да ја посетите статуата на Александар Велики, да се качите на жичара или едноставно да се прошетате за да го искусите градското живеење.

    „Скопје веројатно ретко го препорачувале како место за одмор, но секако заслужува да се погледне. Дојдете овде за да најдете шармантен град кој спојува огромен број култури, фасцинантна историја, одлична храна и, се разбира, прекрасни природни пејзажи. Задолжително проверете го кањонот Матка додека сте тука или качете се со жичара до врвот на планината Водно за неверојатен поглед на градот. Или, ако ваши стил е повеќе да го искусите градското живеење, тогаш погледнете ја огромната статуа на Александар Велики, прошетајте низ напуштената скопска тврдина, истражете го стариот град или напијте се на кафе во едно од многуте кафулиња по улиците“, се вели во рецензијата.

    „И, задолжително проверете ја кафаната. Македонија, како и многу балкански земји, е позната по кафаната, што претставува ресторан во стил на кафуле во кој се служи првенствено кафе и алкохолни пијалоци. Меѓутоа, тука можете да најдете како се служат некои од најдобрите автентични јадења во регионот. Има десетици од нив во градот, сите вреди да се проверат. Ако едноставно не можете да се одлучите, ви го препорачуваме Дебар Маало. Овде ќе најдете добра, евтина храна и, ако имате среќа, жива музика и танцување“, продолжува текстот.

    Потоа доаѓа советот:

    „Што и да одлучите да направите, ќе откриете дека овој град има многу повеќе да понуди од она што првично би го очекувале“.

    Форбс дури им препорачува на туристите да ги користат Туркиш Ерлајнс за да стигнат до Скопје велејќи дека со тоа ќе си ја скратат маката околу евтиниот и брз лет бидејќи Туркиш Ерлајнс се членови на Стар Алијансата што подразбира одреден попуст.

    фото: pixabay.com

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img