Издадено е предупредување за цунами во јужна Италија, соопштија службите за цивилна заштита на земјата, јавува Би-би-си.Во текот на ноќта телото апелираше до луѓето да се држат подалеку од крајбрежните области, бидејќи по разорниот земјотрес во Турција постои ризик од бранови од цунами.
Железничкиот сообраќај во близина на брегот во јужните региони беше запрен на еден час во текот на утрото, но отогаш е обновен.