На Копаоник има снежна бура, а снегот бил висок 104 сантиметри, соопштија во локалната метеоролошка станица на таа планина.
Силен ветер претежно од северен и северозападен правец дува со брзина од 18 метри во секунда, изјави за агенцијата Бета дежурниот метеоролог Милан Дубовац.
Тој додаде дека видливоста е намалена на 100 до 200 метри.