Нема ништо поубаво од спиење попладне, особено ако сте обземени од замор после работен ден или малку „посилен“ оброк.
Сепак, многумина заспиваат и прават добар маратон, а попладневниот сон треба да трае од 20 до 30 минути.
По долго спиење, се чувствуваме прилично уморни. Но, по идеалниот половина час, ќе бидете полни со енергија, среќни и одморени.
Дремењето може да го изостри фокусот и концентрацијата, а една студија од 2009 година покажа дека кај испитаниците кои често дремеле, концентрацијата била исто толку силна во попладневните часови како и наутро, додека кај оние кои не дремеле, таа паѓала попладне.
Спиењето е пресудно за способноста за учење, но и за способноста на мозокот да го процесира наученото. Дремењето може да помогне новото знаење да се вкорени во мозокот и да ја подобри меморијата воопшто.
Дремката од само 60 до 90 минути дневно може да помогне во учењето исто како и спиењето цела ноќ, покажа истражувањето.
Кратката пауза во текот на денот ни дава физичка сила и енергија, па телото полесно се справува со стресните ситуации, особено ако воопшто не спиете доволно.
Најновото истражување покажува дека спиењето во попладневните часови го намалува и стресот и го зајакнува имунолошкиот систем, повторно најмногу кај оние кои не спијат доволно, пренесува 24 sata.hr.
Затоа, спуштете ги ролетните и одморете се. Вашето тело ќе ви биде благодарно, а вие ќе се чувствувате подобро и попродуктивно.