Двајца крадци им ги украле влезните врати на станарите од неколку згради во населбата Аеродром.
Полициски службеници вчера околу 18.30 часот, на паркинг-простор пред трговски центар на подрачјето на Аеродром ги виделе крадците со вратите и ги уапсиле на самото место.
„Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при ЕВР Аеродром и Драчево ги лишиле од слобода Г. Г. (43) и М. М. (40), двајцата од Скопје. Тие се сомничат дека во периодот од 15 до 18 часот одзеле три влезни врати од две згради на булеварот АСНОМ“, се наведува во билтенот на МВР.