More

    Без системски решенија, невработеноста на Ромките постојано расте

    spot_img

    Иако долги години се прават напори, сепак невработеноста на Ромките не само што не се намалува туку има тенденција на постојано зголемување. Во 2020 година, бројот на невработени Ромки е зголемен за 57 % во споредба со 2019 година. Особено загрижувачки е што има зголемување на невработеноста од 104 % кај младата популација меѓу 20 и 24 години, а за 96 % е зголемен и бројот на регистрирани невработени Ромки со завршено средно образование. Во однос на невработеност на високо квалификуван кадар во земјата, податоците покажуваат дека процентот на регистрирани невработени Ромки со високо образование пораснал за 40 %.

    Ова се само дел од податоците до кои Групата за застапување за еднакви можности при вработување дојде во текот на 2021 година преку мониторинг на вработеноста на Ромките во државните институции и мониторинг на искористеноста на активните мерки и услуги за вработување од страна на Ромките. Групата е составена од Ромки активистки и функционира во рамките на проектот „Вработена Ромка = Независна Ромка“, кој го имплементира ХЕРА – Асоцијација за здравствена едукација и истражување со поддршка од шведската фондација „Квина тил Квина“.

    Анализата на добиените податоци покажува дека само 205 Ромки искористиле некоја од мерките за вработување, додека само 4,1 % од нив добиле некоја од услугите за вработување. Ова сведочи за високиот степен на незапознаеност на Ромките со мерките и услугите на пазарот на трудот, што се потврдува и со наодот дека дури 53 % од нив не знаат и не се информирани за мерките и услугите за вработување. Оваа состојба е директна последица од несоодветниот пристап, како и необученост за давање поддршка од институциите при остварување на правото на вработување од страна на маргинализираните групи. За ова говори и податокот дека ниту една Ромка не е вработена во 30-те центри за вработување, а притоа, вработените во центрите за вработување не добиле специјализирана обука за работа со Роми како посебна целна група.

    Од друга страна, подеднакво поразително е што речиси и да нема Ромки на раководни позиции во нашата држава. Ова го илустрира податокот дека само 6 Ромки се вработени на раководни позиции од вкупно 156 мониторирани државни институции.

    Сè додека не се направат системски решенија, социо-економската положба на Ромките ќе останува на маргините на нашата држава.

    Токму затоа, Групата за застапување апелира да се воведат квоти за Ромки засновани на родово сензитивен механизам за нови вработувања, со што би се зголемил бројот на високо квалификувани Ромки на раководни позиции. Поставувањето на Ромки на раководни работни места не претставува само почитување на начелото за соодветна и правична застапеност, туку

    предвид се зема и фактот дека тие доаѓаат од самата заедница и најдобро ги познаваат нивните предизвици за кои треба да се изнајдат решенија на ниво на политики и програми. За да се зголеми учеството на пазарот на трудот, Групата дава препорака да се креира посебна мерка прилагодена на специфичните потреби на Ромките, која ќе вклучува преквалификација и доквалификација за занимања кои се барани на пазарот на трудот.

    Апелираме до надлежните институции да ги земат овие препораки предвид при имплементирање на промените за вработување во државните институции, како и при креирањето на следните мерки од Оперативниот план за вработување за да се овозможи еднаков пристап до вработување за Ромките.

    На интернет страницата на ХЕРА достапни се Мониторинг извештаите за вработувањето Ромки во државните институции и на искористеноста на активните мерки и услуги за вработување од страна на Ромките за 2020 година.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img