Бугарскиот културен клуб „Цар Борис III“ деновиве е под надзор на будното око на охридската полиција, откако членовите на клубот дознале дека претседателот Томе Блажевски присвоил над 100 000 евра парични средства кои биле дадени како донација од истакнати бизнисмени од Р. Бугарија и Владата на Р.Бугарија.
Б’лгарите во аут, криминалците внатре за криминална самосвест?!
Незадоволството во Здружението на бугарскиот културен клуб „Цар Борис III“ во Охрид кулминирало откако истакнати членови биле отстранети од функциите кои ги имале во клубот, а на нивно место од страна на претседателот на здружението, Томе Блажевски, биле поставени млади лица кои немале бугарско државјанство, каде пак Блажевски си поставил негови другарчиња кои воопшто не биле на „бугарска линија“, туку напротив, кај нив доминирало нивното криминално минато, како и сегашност.
Чашата се прелила кога во Здружението на бугарски културен клуб „Цар Борис III“ во Охрид претседателот Томе Блажевски, спротивно на Законот за здруженија и фондации, го назначил својот другар Христијан Пендик (лице кој воопшто нема бугарско државјанство) за Секретар на клубот, без притоа да добие согласност од Управниот и Надзорен одбор на Здружението на бугарскиот културен клуб „Цар Борис III“ во Охрид.
Членовите на Здружението излегоа со тешки обвиненија против претседателот на Здружението обвинувајќи го за проневера на 100 000 евра кои Блажевски не ги пријавил во Здружението како донација, туку напротив си ги присвоил за себе. Блажевски поседува две дивоградби од кои едната се наоѓа во елитниот туристички комплекс во с. Трпејца, а истата дивоградба има решение за рушење, но со оглед на сегашната негова фукција како Претседател на Здружението на бугарскиот културен клуб „Цар Борис III‘‘ во Охрид, рушењето повторно би довело до меѓународни инциденти со Р.Бугарија, или според онаа народната: прекршителите на Кривичниот законик најдоа спас во бугарското самоосознавање за криминални цели?!
Како се основаат Бугарските културни клубови во Македонија, и кое е лицето Бекир Кадриевски од село Лабуништа кое се јавува како основоположник на бугарската идеја?
Лицето Бекир Кадриевски од село Лабуништа, Струшко, всушност е главниот реализатор на бугарската националистичка идеологија во Македонија. Лицето Бекир Кадриевски е главната алатка во рацете на Џамбаски, Борисов, Каракачанов, и др., задолжен за ширење на големобугарските аспирации во Македонија, но вмешан и во делот на Мала Преспа.
Доколку се погледне Актот за основање на „Здружение на Бугарите – Шемето‘‘ во Гостивар, се стигнува до вистинскиот податок, дека ниту еден жител пријавен како Бугарин не постои во Гостивар, туку Здружението го сочинуваат лица од с. Лабуништа, Струшко на чело со Бекир Кадриевски, Фети Куртиши од с. Лабуништа, Агим Имеровски од с. Лабуништа, Демишовски Денис од с. Лабуништа и Ремзи Мамуди од Струга. Доколку добро се погледне, за основачите заедничко е тоа што живеат на иста адреса во с. Лабуништа, додека еден е од Струга, т.е. поточно ниту еден не е жител на Општина Гостивар, а притоа да е пријавен како Бугарин…!!!
Како мајката на христијан Пендиков ја напуштила Макеоднија на диво?!
Според информациите кои ги има Редакцијата на Охридскај, мајката на Христијан – Габриела Димкова, која дефилираше низ бугарските медиуми со Бојко Борисов, влезот во Р.Бугарија го остварила на нелегален начин. Согласно Законот за територијата на РС Македонија, државјанин на РС Македонија може да ја напушти државата само со валидна патна исправа – пасош или со лична карта.
Со оглед на фактот дека Р.Бугарија е членка на Европска Унија, мајката на Христијан Пендиков, Габриела Димкова, напуштањето на територијата на РСМ требало да го направи со пасош, нешто што не го направила. Исто така, дискутабилен е и влезот на граѓани на територијата од Р.Бугарија или Европска Унија, но и крајно дискутабилно е како граѓанинот Габриела Димкова ќе се врати на територија на РСМ? Доколку се запазат сите закони, лицето Габриела Димкова треба да заврши во затвор за нелегален премин на граница, но дали ќе биде така, оставаме да се изјаснат од МВР на РСМ.
Сашо Денесовски