More

    Санкциите наметнати на руската сурова нафта досега целосно потфрлија, а новите ограничувања на цените исто така може да се покажат незначителни

    spot_img

    Санкциите наметнати на руската сурова нафта досега целосно потфрлија, а новите ограничувања на цените исто така може да се покажат незначителни, оценуваат аналитичари за телевизиската мрежа Си-Ен-Би-Си.

    – Ограничувањето на цените беше измислено од бирократи со дипломи за финансии. Никој од нив навистина не ги разбира нафтените пазари. Тоа беше целосна утка, целосно пропадна – вели Пол Санки, претседател и главен аналитичар во Санки Рисрч.

    Санки подвлече дека било тешко за нафтените пазари бидејќи снабдувањето со руска нафта навистина не е прекинато и тие го одржаа извозот на високо ниво.

    – Слушнав од одличен извор дека Саудијците се прашуваат како тоа руската нафта сè уште тече. Тоа го наметнува прашањето што ќе се случи со санкциите кои доаѓаат на производите, бидејќи едноставно се чини дека санкциите не функционираат – вели аналитичарот.

    Според него, постојат различни начини да се пласира руската нафта низ светот заобиколувајќи ги ценовните ограничувања.

    – Една од работите што луѓето ја истакнуваат во тој поглед е малезиската нафта. Нејзиниот извоз на сурова нафта во Кина е 1,5 милиони барели дневно, а Малезија произведува само 400.000 барели дневно!? Не мислам дека тоа е малезиска сурова нафта. Значи, има многу работи што се сомнителни – вели аналитичарот Пол Санки.

    Европската Унија планира од недела да го забрани увозот на рафинирани нафтени деривати од Русија, вклучувајќи дизел и авионско гориво. Од декември ЕУ веќе го забрани купувањето и увоз на руска сурова нафта преку море. Покрај тоа, земјите на ЕУ, заедно со своите сојузници во Групата 7 и Австралија, поставија ограничување на цената на руската сурова нафта, а ги забрани поморските осигурувања за нив, финансии и други услуги обезбедени од Запад, освен ако не се продаваат под 60 долари по барел. Ова се дел од глобалните напори за ограничување на способноста на Москва да ја финансира војната во Украина.

    И покрај тоа обемот на рускиот извоз остана големно цената на руската нафта се намали. Цената на руската нафтена мешавина „Урал“ падна во однос на периодот од пред војната, и во јануари годинава изнесуваше 49,48 долари за барел, според Ројтерс, што е за 42 отсто помалку од јануари минатата година.

    Сепак, Вандана Хари, основач на аналитичката компанија Ванда Инсајтс, вели дека е скептична во врска со претстојните ограничувања за руските рафинирани нафтени производи.

    – Мислам дека ограничувањата на рафинираните производи што ги планираат – околу 100 долари за барел за дизел и за чисти нафтни деривати, и можеби околу 45 долари за мазутот, веројатно нема да бидат исто така значајни. Руската нафта ќе го најде својот пат на пазарите, како Кина и Индија, кои ги „поздравуваат“ овие цени. Кина и Индија имаа доста голема корист минатата година од намалените цени на руската сурова нафта, а истото ќе се случи со руските рафинирани производи, иако може да биде покомплицирано за Москва да најде пазари за такви производи – вели Хари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img