На 01.02.2023 околу 14.00 часот во Полициска станица Радовиш е пријавено дека на социјалната мрежа Фејсбук на страна на здружение за заштита на животни е објавена видео снимка на која се гледа тепање на животно – куче, со употреба на тврд предмет, од страна на С.Т. од с.Ораовица, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).
„Од страна на полициски службеници веднаш се преземени мерки, лицето е пронајдено, со него е извршен службен разговор и преземени се сите потребни активности, при што е утврдено дека наведените дејствија се извршени пред повеќе години и констатирано е кривично дело ‘мачење животни’ по член 233 од Кривичниот законик. Во координација со Јавен обвинител од ОЈО Радовиш, против лицето ќе биде поднесен соодветен поднесок“, се вели во соопштението.