More

    Новинарските здруженија жестоко го осудија Бектеши

    spot_img

    Новинарските здруженија и асоцијации, ЗНМ, ММА, СЕММ, ССНМ и ММА жестоко реагираа на политички етикетирања на новинари од Канал 5 и од Телма.

    Здружението на новинарите на Македонија и Советот за етика во медиумите на Македонија најостро го осудија односот на министерот за економија Крешник Бектеши кој според информациите во медиумите, денеска за време прес конференција на недоличен, дрзок и неприфатлив начин коментира дека новинарката од Канал 5 телевизија Катерина Капкоска поставува прашања во име на другите колеги новинари, наместо да одговори на конкретно прашање од јавен интерес.
    На истиот настан, новинарот Огнен Чанчаревиќ го осудува директно однесувањето на министерот Бектеши, на што добива одговор од него дека новинарите се тука за да поставуваат прашања, а не да даваат коментари. 

    „Потсетуваме дека не станува збор за изолиран случај, туку за негативен тренд на однесување кон новинари што бележи пораст. Токму затоа, ЗНМ ќе ги извести партнерските организации, вклучувајќи ги и ОБСЕ, Европската Федерација на новинари – ЕФН и Совет на Европа“, велат од ЗНМ.

    Од таму потсетувааТ дека ова е четврт негативен испад на политичар кон новинари во изминатиот период, а првите три беа на Димитар Ковачевски, Али Ахмети и вчерашниот случај во МОН, со советникот на министерот Јетон Шаќири.

    „Крајно време е функционерите да ја сфатат сериозноста на својата позиција пред јавноста и да престанат со дирекни вербални напади и инсинуации за професионалниот пристап кон работатa на новинарите“, порачаа од ЗНМ.

    И Македонската медиумска асоцијација реагира за навредувањето и омаловажувањето на новинарите од  Бектеши.

    „Сметаме дека тоа е елементарна цензура од позиција на моќ. Однесувањето на министерот е притисок, новинарите да не поставуваат прашања битни за јавноста, но и навреда и клевета кон споменатите медиуми и обид да се манипулира со јавноста. Очекуваме извинување од гореспоменатиот министер или ќе го преиспита своето однесување визави функционирањето на ова Министерство се додека е тој прв човек на истото“, се наведедува во соопштението од ММА.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img