Американскиот државен секретар Ентони Блинкен му се заблагодари на српскиот претседател Александар Вучиќ за неговиот конструктивен ангажман за предлогот на ЕУ за нормализирање на односите со Косово. Блинкен и Вучиќ разговарале на телефон во средата вечерта.
Како што соопшти портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс, Блинкен и Вучиќ се согласиле дека регионалната стабилност е неопходна за да се обезбеди европската иднина на Србија.
Кабинетот на Вучиќ во средата навечер соопшти дека тој и Блинкен разговарале за ситуацијата на Косово, европскиот пат на Србија и билатералните односи.
Соговорниците размениле мислења за дијалогот меѓу Белград и Приштина, а претседателот Вучиќ „посебно нагласил“ дека мирот и стабилноста во целиот регион и сигурната економска иднина се клучни цели за сите што живеат на Западен Балкан, соопшти Кабинетот на претседателот на Србија. објави.
Вучиќ и Блинкен се согласиле дека Србија и САД имаат повеќе можности за подобрување на партнерството и билатералната соработка на различни полиња, се наведува во соопштението.