More

    Драматично предупредување пристигнува од Киев: Русија мобилизираше 500.000 луѓе

    spot_img

    Украинскиот министер за одбрана изјави дека Русија подготвува нова офанзива и предупреди дека таа би можела да започне веќе на 24 февруари, објави во четвртокот Би-Би-Си.

    Олексеј Резников рече дека Москва мобилизирала околу 500.000 војници и дека можеби ќе „проба нешто“ за да ја одбележи годишнината од почетната инвазија минатата година.

    Во септември минатата година, рускиот претседател Владимир Путин најави мобилизација на околу 300.000 резервисти за војната во Украина, изјавувајќи дека мобилизацијата е неопходна за „зачувување на територијалниот интегритет“ на Русија. Сепак, Резников сугерира дека реалниот број на мобилизирани би можел да биде значително поголем.

    Официјално објавија 300.000, но кога ги гледаме силите собрани на границите, проценуваме дека тоа е многу поголема бројка“, изјави Резников за француската телевизија БФМ. Би-Би-Си забележува дека не може самостојно да ја потврди оваа информација.

    Напад на Краматорск
    Во меѓувреме, три лица загинаа во напад на градот Краматорск, а осум се ранети во град во областа Доњецк кога руски проектил погоди станбена зграда, изјави гувернерот на покраината.

    Спасувачите ги пребаруваат урнатините и се очекува бројот на жртвите да биде поголем.

    „Единствениот начин да се запре рускиот тероризам е да се победи“, напиша украинскиот претседател Володимир Зеленски на социјалните мрежи за нападот. „Тенкови. Борбени авиони. Со проектили со долг дострел“, напиша тој.

    Украина неодамна повторно побара борбени авиони за да се заштити од воздушни напади, откако Германија, САД и Велика Британија се согласија да им испратат тенкови.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img