Италијанскиот тренер на Тотенхем, Антонио Конте во среда ќе биде подложен на операција за отстранување на жолчното кесе, објави англискиот премиерлигаш, без да прецизира колку време ќе биде надвор од теренот по операцијата.
„Антонио Конте неодамна страда од акутни стомачни болки. Откако му беше дијагностициран холециститис (воспаление на жолчното кесе), денеска ќе биде опериран за отстранување на жолчното кесе“, се вели во соопштението на англискиот клуб.
Конте „ќе се врати по период на опоравување“, продолжи клубот без дополнителни детали за распоредот.
Моментално петти во Премиер лигата, Тотенхем во недела ќе го пречека второпласираниот Манчестер Сити во 22. коло од англискиот шампионат.
За две недели Тотенхем ќе игра против Милан во нокаут фазата од Лигата на шампионите.