Жорди Амат е триесетгодишен шпански фудбалер кој не и е добро познат на пошироката јавност. Додуша тој играше за Еспањол, Бетис, Рајо Ваљекано и младинските тимови на шпанската репрезентација, а дел од кариерата мина и во Свонси во англиската Премиершип.
Тој никогаш не бил голема ѕвезда и не заработувал толку пари од фудбалот како неговите многу попознати колеги, но сето тоа се променило преку ноќ. Имено, Амат сосема случајно дознал дека е индонезиски принц и го наследил тамошниот остров и богатство од милиони.
Неговата баба е одговорна за сѐ
Амат е роден во општината Кане де Мар на периферијата на Барселона, а неговите родители се од Каталонија. Меѓутоа, неговата баба е од островот Сиау во Индонезија. Станува збор за остров со површина од околу 160 квадратни километри.
– Според последниот попис, таму живеат нешто повеќе од 45.000 луѓе. Знаев дека постои можност да земам индонезиско државјанство поради баба ми, а тоа секогаш ми беше интересно поради нејзините приказни – изјави Амат во интервју за Марка.
Минатиот ноември, Амат, кој моментално игра за малезискиот клуб Јохор Дарул Тазим, конечно стана индонезиски државјанин.
– Многу ми олесна и бев пресреќен. Знаев дека за некои мои колеги процесот траеше седум години – рече тој.
Играше за Индонезија и ја зеде титулата принц
Сепак, бабата на Амат не е која било Индонезијка. Фудбалерот претходно откри дека таа е натамошен потомок на индонезискиот крал и дека била принцеза на островот во сопственост на неговото семејство, додека неговиот прадедо бил владетел на повеќето острови. Амат сосема случајно дознал дека се работи за сопственост и титула кои се наследуваат.
Ова го прави Амат принц, а со земање на индонезиско државјанство се отстранети сите пречки за негово именување.
Сепак, Амат засега тврди дека неговиот живот нема многу да се промени, но веќе ветил дека ќе работи на подобрување на условите на индонезискиот остров и финансиски помош на луѓето.
Покрај тоа, Амат годинава дебитираше за Индонезија и веќе одигра четири натпревари за репрезентацијата на својата нова татковина.