More

    Маричиќ вели дека идејата вреди да се разгледа

    spot_img

    Постојат идеи кои се презентирани од некои организации, аналитичари и тинк-тенкови особено од Париз и Виена. Има поединци кои ја промовираат идејата да се даде поскорешен датум за членство на државите од Западен Балкан, но со одредени нетипични дерогации. Одредени права да им бидат замрзнати првите пет или 10 години, како правото на вето или правото на комесар, истакна вечерва вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.

    Тој во емисијата „Аргумент плус” на ТВ24 нагласи дека тоа е идеја за која вреди да се разговара, бидејќи за нас е битно да влеземе во системот за политичко одлучување преку Европскиот парламент и Советот за министри што поскоро.
    – Правото на вето и правото да се избира комесар од кај нас дури и да дојдат подоцна не е страшен проблем, бидејќи секако на државите им требаат пет до 10 години да се социјализираат во тој нов систем. Ние сакаме во ЕУ заради прифаќањето на тие вредности и стандарди, влез на заедничкиот пазар и учество во крупните одлуки – рече Маричиќ.

    Според вицепремиерот подобро е да сме на маса, отколку да чекаме уште 10 години за ЕУ да се реформира и секако да ги немаме тие права.

    Вицепремиерот кажа дека парламентарните избори немаат никаква врска со уставните измени и дека двотретинското мнозинство е потребно за државата да оди напред, а не за Владата.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img