More

    Банките имаат долги списоци на одземен имот за продажба

    spot_img

    Имоти на компании во стечај, производни погони, хотели, ресторани, машини опрема, станови, куќи, како и удели на поединци во компании, па се до кранови, маски и сваровски украси. Ова е дел од долгиот список на имот што го продаваат банките, одземен од компаниите и од граѓаните поради ненавремено отплаќање на кредитите или одземен со пресуда во судски случаи што ги водела државата.

    Имотот се проценува на неколку милиони евра, но банките се чини со месеци, па и со години, не можат да ги продадат недвижнините и да ги наплатат долговите.

    Така меѓу поголемите објекти што се на продажба се деловната зграда на ГП „Бетон“, имотот на „Порцеланка“ од Велес, хотелот „Илинден“ од Крушево, како фабриката за месо „Мега“ во скопско Трубарево.

    Имотот на велешка фабрика за производство на порцелан, познатата „Порцеланка“, Комерцијална банка го продава за 4,8 милиони евра, иако е проценет на 7,3 милиони евра. На продажба се 41 објект со вкупна површина од 77.473 квадратни метри.

    Комерцијална банка за 4,5 милиони евра продава и производствен комплекс на улица Сава Ковачевиќ кој е составен од зграда од 5.618 м2 плус земјиште 11.787 м2.  Оваа банка продава  и катна гаража на булеварот Јане Сандански во Скопје од 11.743 квадратни метри за 3,7 милиони евра  како и производен комплекс од Свети Николе по цена од 2,4 милиони евра кој има  10.359 квадратни метри со земјиште со право на користење од  44.210 квадратни метри.

    Највреден имот кој го продава НЛБ банка е управната зграда на градежната компанија „Бетон“ во Скопје кој се продава во рамките на извршна и стечајна постапка на компанијата. Недвижноста се простира на површина од над 6.000 квадратни метри и има вредност од близу 5 милиони евра. Во рамките на недвижноста се наоѓаат подвижни предмети, машини и опрема, канцелариски мебел и систем за видеонадзор, систем за заштита од провала и кражба, систем за заштита од пожар, лифтови, комплет систем за греење и ладење, климатизација и вентилација, во вредност од 318.963 евра.

    На списокот за продажба од оваа банка е фабриката за месна индустрија „Мега“ во селото Трубарево. Се продаваат 10 објекти меѓу кои производствен погон со површина од 6.428 квадрати, пушници и ходник-мансарда со површина од 1.459 квадрати, компресорска станица, машински оддел, магацин, платформа за утовар и истовар, управна зграда и други помали недвижности. Комплексот располага со комплетна опрема и машини за производство и преработка на сувомесни производи, вклучени во продажбата на имотот. Вкупната продажна цена на имотот, заедно со опремата и движниот имот, изнесува 4,1 милиони евра.

    НЛБ исто така продава и неименувана фабрика за масло во Битола, во вкупна вредност од 1.273.100 евра. За оваа сума може да се добие недвижен имот, резервоари, хала за производство на масло, хала за полнење на маслото со деловни простории – канцеларии, магацински простор, просторија за прием на сурово масло и дворно место во Битола.

    Оваа банка продава и текстилна фабрика, фабрика за производство на вода, печуркара како и шпедиција.

    Шпаркасе банка пак ја продава административната зграда и магацинскиот простор на месната индустрија „Промес“. Вкупната површина на земјиштето изнесува 4.454 квадрати, а вкупната површина на објектите е 2.762 квадрати.

    Силк Роуд банка, пак, го продава еден од најпознатите крушевски хотели „Илинден“. Хотелот е изграден како планинско рекреативно одморалиште со 4 ѕвезди и има површина од 4.564 квадратни метри. Хотелот има сместувачки капацитет од 47 единици, составен од апартмани, студија и двокреветни соби и 9 големи двокатни апартмани на последниот кат. Оваа банка преку извршител продава и удел во трговското друштво „Сирма Галица Оникс“ од Битола

    Голем список на недвижнини има и Стопанска банка. Таа ја продава живинарската фарма на „Агрипро“ заедно со опрема за несилки и јарки во живинарски фарми од Валандово, фабриката за производство на вафли од Крива Паланка, како и производен комплекс, составен од административна зграда, производен погон за селотејп и други придружни објекти – вкупно 8, со вкупна изградена површина од 4.831 квадратни метри и земјиште со право на користење (под и околу објекти) во вкупна површина од 25.166 квадратни метри во Берово.

    Оваа банка го продава и хотелот за одмор и рекреација „Шагал“ со СПА центар од Виница и индустриски комплекс Св. Николе.

    Халк банка, пак, покрај деловни објекти, земјиште станови и куќи продава и „Сваровски“ украси како и тенда.

    Меѓу она што го продаваат банките се и кранови, бетонски бази, автомобили, камиони и најразличен вид машини и алати за производство во повеќе сектори.

    Банките имаат и голем список на станови, куќи и викендички на граѓани кои биле одземени поради неподмирени кредити.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img