More

    Шојгу најави реформа со нови 350.000 војници

    spot_img

    Реформа со која Русија треба до 2026 година да регрутира нови 350.000 војници најави Кремљ, а рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу ја оправда одлуката со тоа што треба воено да се обезбедуваат „новите субјекти“, мислејќи на четирите украински региони кои беа анектирани, пишува Дојче Веле. Дали е оваа реформа долгонајавуваната мобилизација, како што се шушка во медиумите?

    Со реформата ќе се регрутираат млади од 21 до 30 години наместо сегашната граница од 18 до 27. Планирани се 12 нови мобилни дивизии. Обновата ќе ги опфати најмногу Москва и Ленинград, но ќе има и корпус во регионот Карелија, регион кој граничи со Финска. Бригадите ќе станат дивизии и ќе имаат поголема слобода.

    Досега, многу мажи во Русија успеваа да избегнат регрутирање со студирање на универзитет или со поткуп. Според Шарп со зголемувањето на возрасната граница ќе овозможи да се регрутираат кадри поспремни за војна.

    – Тоа е дел од оваа реформа. 18-годишните регрути се сè уште „деца“ и тешко се способни да се борат, додека 21-30-годишниците се физички посилни и веќе имаат обука што армијата може да ја користи – објаснува воениот експерт Дејвид Шарп од Украина.

    Во меѓувреме, дискусиите за понатамошна мобилизација во Русија продолжуваат, особено откако Кремљ неодамна потврди дека претседателскиот декрет за „делумна мобилизација“ донесен во септември минатата година сè уште важи.

    – Бројот на војници е единствениот адут што Русија сè уште го има – вели Шарп.

    Украинскиот експерт Андриј Ришченко, кој претходно беше заменик началник на Генералштабот на украинската морнарица, смета дека понатамошната мобилизација во Русија нема да помогне. Според неговото мислење, рускиот Генералштаб сè уште работи на распределбата на регрутите од првиот бран на воен рок.

    – Новите луѓе само ќе седат и нема да прават ништо – вели овој експерт.

    Ришченко смета дека нови војници на фронтот, обучени и распоредени можеме да очекуваме дури пред следната зима. За опремување на еден војник се потребни 80.000 долари, проценува тој.

    Но, дали има Путин пари за новите војници?

    – Со оглед на падот на приходите од нафта и гас, прашање е дали Москва може да си го дозволи тоа? Оваа реформа бара многу ресурси, не само пари и персонал. Потребна е опрема и инфраструктура за овие 350.000 луѓе. Покрај тоа, експертите мора да бидат обучени за тие обучуваат регрути – вели Дејвид Шарп.

    Експертот не ја исклучува можноста многу новосоздадени единици да постојат само на хартија или да не добијат воена опрема.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img