Американската Амбасада во Туркије денеска ги предупреди Американците за можни терористички напади врз цркви, синагоги и дипломатски претставништва во Истанбул, што е второ вакво нејзино предупредување во последните четири дена, особено по палењето на Куранот на неколку места во Европа.
Американската Амбасада предупреди на можни одмазднички терористички напади во областите на Истанбул каде што често има западни туристи, особено во областите Бејоглу, Галата, Таксим и Истиклал.
Неколку амбасади во Анкара, вклучително и на САД, Германија, Франција и Италија, во петокот издадоа предупредувања за можни напади на места за богослужба, по одделните инциденти во кои беа палени Курани во Шведска, Холандија и Данска.
Британските медиуми во саботата пренесоа дека Туркије ги предупреди своите граѓани за можни „исламофобични, ксенофобични и расистички” напади во САД и европските земји.