Премиерот Ковачевски најави дека ќе се реконструираат сите споменици од НОБ

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Премиерот Димитар Ковачевски денеска најави дека ќе се реконструираат сите споменици од НОБ. За реконструкција на сите споменици и спомен-обележја од НОБ, како што рече, Владата обезбеди пари од Буџетот на државата иако согласно Законот за меморијални споменици и спомен-обележја, за подигањето, чувањето, одржувањето, заштитата на спомен-обележје се надлежни општините, односно Градот Скопје.

-Со буџетот за оваа година, сите споменици и спомен-обележја од НОБ на личности кои дале придонес во борбата против фашизмот и ослободувањето на нашата држава и на настани што се случиле и се сведоштво за непокор и борбата за слобода, ќе бидат реконструирани. Министерството за култура е задолжено да склучи договори, меморандуми за соработка со општините за санација на спомен-обележјата и да достави информација до Владата во која ќе бидат утврдени потребните мерки и средства за оваа цел. Целта е, повторувам уште еднаш, сите споменици од НОБ да бидат реконструирани – подвлече премиерот одговорајќи на прашање од пратеничката Лидија Тасевска.

Share This Article