Курти: Взаемното признавање да биде дел од предложениот договор

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Косовскиот премиер Аљбин Курти изјави дека француско-германскиот план за нормализација на односите меѓу Косово и Србија треба да има взаемно признавање во центарот.

„Договорот треба да има взаемно признавање во центарот, бидејќи само така можеме целосно да ги нормализираме односите меѓу Косово и Србија“, изјави Курти за новинарите по отворањето на Меѓународната конференција за сајбер безбедност во Приштина.
Курти рече дека кога нацрт-договорот пристигнал во септември, изјавил дека тоа е добра основа за понатамошни разговори и дека претставува рамка и платформа што овозможува да се оди напред, но дека се потребни и разговори за да се постигне договор.

„Постојат 33 бриселски договори од последната деценија и нема ниту еден договор што има предност пред друг“, рече Курти.

Специјалниот претставник на Европската унија (ЕУ) за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак, најави дека со Курти и вицепремиерот Бесник Бисљими за време на работната вечера во средата навечер се договорил дека сите претходно постигнати договори во дијалогот мора да бидат целосно имплементиран.

„Се вратив во Косово за да продолжам со искрени, отворени и интензивни разговори со премиерот Курти и вицепремиерот Бисљими за следните чекори и напредок во нормализацијата на односите со Србија“, објави Лајчак на Твитер.

Во средата навечер Лајчак за приштинската телевизија Клан Косова изјави дека германско-францускиот план во суштина е план за нормализација на односите меѓу Србија и Косово и дека содржи 11 точки.

Тој рече дека очекува Косово и Србија да го прифатат планот и да го потпишат, додавајќи дека со договорот Косово многу добива, а ништо не губи.

„Имаме одвоени разговори со двете страни и кога ќе ги собереме очекуваме да го прифатат планот, да го потпишат и да го спроведат. Секако, ќе се погрижиме потпишаното да се спроведе“, рече тој.

Share This Article