More

    Рашковски поднесе кривична пријава против обвинителката во „Софтвери“

    spot_img

    Поранешниот генерален секретар на владата Драги Рашковски, обвинет во случајот „Софтвери”, соопшти дека е поднесена кривична пријава против обвинителката Ивана Трајчевска која го води предметот и против стручен соработник во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, поради неизвршување на своите работни задачи, сокривање и монтирање на кривично правни предмети, со цел создавање погрешна перцепција во јавноста.

    – Со цел да предизвика омраза кај јавноста, основната јавна обвинителка која го водеше и сѐ уште го води случајот „Софтвери” ја излажа и сѐ уште ја лаже целата македонска јавност. Поднесена е Кривична пријава против И.Т како јавен обвинител и против стручен соработник О.А. во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. При тоа, ова нема да е последната кривична пријава, туку е една меѓу првите, за истото е веќе поднесена и претставка за нејзината работа до Советот на јавни обвинители, Републичкиот јавен обвинител и до шефот на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. За сето ова ќе биде известена во детали и целата меѓународна заедница“, наведува Рашковски во дописот до медиумите.

    Тој во неколку точки ги посочува конкретно причините за поднесената пријава против обвинителката и стручниот сосработник.

    – Првопријавената како основен јавен обвинител во Основното јавно обвинителство за геноње на организиран криминал и корпупција на ден 20.05.2021 година доставила барање за доставување на документација до Генерален секретаријат на Република Северна Македонија под број КО 36/21. На истото барање од страна на генералниот секретаријат и е одговорено со допис број 45-5165/11 во кој од страна на Генералниот секретаријат е наведено дека:
    • Ве известуваме дека примопредавање е извршено на целокупната опрема која е наведена и во двата предметни договори
    • Исто така, примопредавање е извршено и на двата споменати софтвери и истите се инсталирани на компјутери кои се во сопственост на Владата на Република Северна Македонија
    • Дополнително, исто така со цел да се утврди дали постои предметната опрема на 26.05 и 25.05.2021 година извршен е попис за кој е составен извештај број 11-5772/3 од 01.06.2021 година при што е утврдено дека истата постои и е согласно предметните договори
    • Во прилог се наведени Записници од технички прием и предавање на опрема од наведените софтверски решенија и опрема“, наведува Рашковски.
    Оштетените, како што посочува, го побарале ваквиот допис од Генералниот секратријат со два дописи при што и со допис од 07.03.2022 година под број 46-687/7 потшишан од тогашниот генерален секретар, како и со допис 46-10949/13 од 29.12.2022 година потпишано од сегашниот генерален секретар на Владата е потврдено и е доставена копија од дописот кој првопријавената и второпријавениот го скриле и со тоа сторил повеќе кривични дела.
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img