More

    Сточарот Мачевски вели дека правеле адет и дека јагнето е живо

    spot_img

    Сточарот Александар Мачевски во чиј дом било снимено видео поради кое здружението „Анима Мунди излезе со обвинување за малтретирање на животно, вчера бил повикан на распит во полицијата.

    Самиот Мачевски се обрати до јавноста при што истакна дека „Анима мунди“ со објавата на видео снимката и тврдењето дека намерно малтретираат животно, го загрозила угледот на семејството Мачевски, кое со сточарство се занимава од 2006 година.

    – Од 2006 година до ден денеска, јас кога ги продавам јагнињата, како традиција организирам прослава. Таа традиција продолжи и во петокот кога ги продадов јагнињата за што ги поканив луѓето кои ми помогнаа да ги товарам јагнињата за продажба. Лично беше поканет како роднина и инспекторот, за да се почестиме што успешно ги продадовме јагнињата. Како дел од традицијата на крајот се свири песната Изгубено јагне, татко ми го зема јагнето од шталата го носи врзано на масата, се свири песната, завршува песната и јагнето се враќа во шталата и толку. Адетот трае 2 минути. И потоа почнаа критики поради видеото кое го објави Анима Мунди, презедоа многу портали и имаше многу навреди – вели Мачевски.

    Десет луѓе од неговото семејство се занимаваат со сточарство и се многу повредени после објавата на Анима Мунди.

    – Јас ќе покренам постапка и за друга личност од Берово која сама ќе се препознае што ме нарекува „простак и слично. Години и години ја чувам стоката, јас ако не ја чувам стоката, нека дојдат тие од Скопје што навредуваат, да видат како се чува стока – додава Мачевски.

    Ако биде обвинет вели дека ќе ги подмири трошоците, но со ова според него се уништува сточарството и се сака да им се наштети на чесните семејства.

    – На Анима Мунди им порачувам да видат како се стрижат овци, дали со врзани нозе или како се стрижат. На 20 мај јас ќе ги стрижам овците, и ако ги врзам овците ќе ме слика некој и ќе речат – малтретирање на животно. Не е тоа малтретирање на животно. Лично јас имав повреда од животно, мене никој не ме заштити. Јас сум љубител на стоката, ќе работам со стоката и секогаш ќе останам на тоа, но со тие критики не – додава Мачевски.

    Доколку биде обвинет за, како што вели, нешто што се практикувало со години и е дел од малешевската традиција, Мачевски планира со семејството да се исели од државата, а стоката да ѝ ја подари на државата.

    „Анима Мунди поднесе пријави до сите надлежни институции против наведениот инспектор кој бил присутен за време на снимањето на посоченото видео со животното, а случката ја осудија и министерот за земјоделство Љупчо Николовски и Агенцијата за храна и ветеринарство.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img