Лидерот на „огнените“ во ДУИ, Изет Меџити за „Слободен печат“ изјави дека евентуалното влегување на Алијанса во Владата се прави за да се спаси Артан Груби, а дека тоа може да значи и губење на мнозинството од 61 пратеник, наместо посакуваните 80 за уставните измени.
– Ако Алијанса влезе во владата, во најдобра варијанта сме на нула, бидејќи во таков случај се губат исто толку пратеници колку што ќе влезат. Плус, ќе се отворат внатрешни процеси и во други партии, вклучително и во Алијанса. На овој начин, со цел да се спаси Груби преку Алијанса, наместо да бркаме 80 може да загубиме мнозинство од 61 пратеник – порачува Меџити според кого не е неопходно Алијанса да влезе во власта за да се избегнат предвремени избори.