More

    „Макпетрол” одлучи  да не учествува на јавните повици на „ЕСМ Продажба” за набавка на природен гас за февруари за потребите на топланите

    spot_img

    „Макпетрол” одлучи  да не учествува на јавните повици на „ЕСМ Продажба” за набавка на природен гас за февруари за потребите на топланите, информираат од компанијата.

    „И покрај големите најави за либерализација на веќе либерализираниот пазар со природен гас, изминатиов период сме сведоци на фаворизирање на една компанија при набавката на гас и од таа причина „Макпетрол” одлучи да не учествува на овие јавни повици. Пресметките за јануарската набавка објавена од „ЕСМ продажба” покажуваат дека севкупната понуда на „Макпетрол” во моментот на поднесување беше пониска од таа на компанијата што беше избрана за победник на тендерот. Единствената разлика беше што нивната цена беше фиксна, но дури и како таква, таа не донесе никаква придобивка“, велат од „Макпетрол”.

    Според нив, како резултат на движењата на светските берзи, за количините потребни за јануари, „ЕСМ Продажба” можеше да плати над милион евра помалку доколку, како што велат, се придржуваше до основните пазарни услови на функционирање, односно, ако цената на гасот беше променлива и директно поврзана со цената на берзите.

    „Дополнително, „ЕСМ Продажба” со јавноста сподели информација дека доставила покана за повикот за февруари до сите компании во Македонија што можат да испорачаат гас, но до денес, таква покана не е пристигната до „Макпетрол”. Како резултат на тоа, „Макпетрол” одбива да биде набљудувач и покритие во тендери што очигледно фаворизираат еден учесник и затоа нема да поднесе понуда на јавниот повик за набавка на природен гас“, порачуваат од компанијата.

    Нагласуваат дека непречено ќе продолжи снабдувањето на редовните потрошувачи на „Макпетрол”.

    „За февруари за нив ќе биде обезбеден гас по цена пониска за најмалку 30 проценти споредено со цената во јануари„, посочуваат од „Макпетрол”.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img