Министерот за надворешни работи на Финска: Потребен е „тајм-аут“ во преговорите со Турција

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Министерот за надворешни работи на Финска денеска изјави дека е неопходна пауза од неколку недели во преговорите меѓу Финска и Шведска со Турција во врска со нивното барање за приклучување кон воената алијанса НАТО.

Турскиот претседател во понеделникот изјави дека Шведска не треба да очекува поддршка од неговата земја по протестите во близина на турската амбасада во Стокхолм во текот на викендот, при што беше запален Куранот.

„Потребен е тајм-аут пред да се вратиме на тринасочните разговори и да видиме до каде сме кога ќе се спушти прашината по сегашната ситуација, така што сè уште не треба да се донесуваат заклучоци“, изјави министерот за надворешни работи Пека Хаависто за Ројтерс во телефонско интервју.

„Мислам дека ќе има пауза од неколку недели“, додаде тој.

Шведска и Финска аплицираа за влез во НАТО минатата година откако Русија ја нападна Украина, и сега им е потребна поддршка од сите сегашни земји на НАТО за да го сторат тоа.

Сепак, турските власти рекоа дека Шведска особено треба да заземе појасен став против она што Анкара ги нарекува терористи, главно курдски милитанти и групи кои ги обвинува за обидот за пуч во Турција во 2016 година.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во понеделникот најави дека претседателските и парламентарните избори ќе бидат одложени за еден месец до 14 мај.

Хависто рече дека разговарал со турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу во понеделникот.

„Секако дека тие го чувствуваат притисокот од претстојните избори во средината на мај и поради тоа е разбирливо што дискусијата на многу начини стана вжештена во Турција“, рече Хаависто.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article