Дани Алвеш, најодликуваниот фудбалер на сите времиња, заврши зад решетки поради обвинувања за сексуална злоупотреба во ноќен клуб. Бразилскиот фудбалер е обвинет за сексуален напад врз 23-годишна девојка во тоалет ноќта меѓу 30 и 31 декември во Барселона.
Според каталонскиот весник Ел Периодико, надзорните камери откриваат дека Дани Алвеш и 23-годишната девојка поминале петнаесет минути во тоалетот, каде што наводно се случил сексуалниот напад.
Девојката го обвини познатиот фудбалер дека ја фатил за рака и ја влечел во тоалет. Таа се обидела да побегне оттаму, но Бразилецот ја затворил вратата и и го попречил патот. Несреќната девојка ги раскажала одвратните детали од целата ситуација, а по нападот завршила во болница каде и е извршен лекарски преглед.
23-годишната девојка не инсистира на пари, туку тврди дека само сака правдата да биде задоволена. Доколку шпанскиот суд го прогласи за виновен, бразилскиот фудбалер се соочува со затворска казна од 4 до 12 години.
Каталонскиот весник тврди дека собраните снимки и изјавите на сведоците не се совпаѓаат со ниту една од трите верзии кои 39-годишниот фудбалер ги изнесе во своја одбрана.