Крис Хипкинс ќе биде нов премиер на Нов Зеланд

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Министерот за образование, полиција и за јавни служби на Нов Зеланд Крис Хипкинс ќе биде нов премиер на таа земја бидејќи тој беше единствениот кандидат да ја наследи Џасинда Ардерн на чело на Лабуристичката партија.

Хипкинс (46) в недела треба да ја добие поддршката од сопартијците, но тоа сега е само формалност. Официјалниот трансфер на власта ќе следи во наредните денови.

Хипкинс рече дека е многу горд што ја презема улогата и дека тоа е најголемата одговорност и привилегија во неговиот живот.

Ардерн ги изненади граѓаните во четвртокот кога ја објави својата оставка по пет и пол години како премиерка.

Фактот што немаше други кандидати да ја наследат како лидер на партијата покажува дека пратениците од Лабуристичката партија застанаа зад Хипкинс за да избегнат долготрајна трка за премиерската функција. Хипкинс ќе биде на функцијата нешто повеќе од осум месеци пред општите избори.

Анкетите покажуваат дека Лабуристичката партија во моментов е зад нејзиниот главен противник, конзервативната Национална партија.

Share This Article