Белорусинката Викторија Азаренка по пресвртот и одличната игра во вториот и третиот сет се пласираше во осминафиналето на првиот Грен слем турнир во сезоната.
Триесет и четиригодишната Вика, моментално 24. играч на светот, за час и 40 минути поминати на теренот ја елиминира 11 места подобро пласираната Медисон Кис со резултат 1:6, 6:2, 6:1.
Двократната шампионка на Австралија опен имаше катастрофален старт на дуелот во арената „Род Лејвер“ и во првиот сет го доби единствениот гем правејќи брејк на 0:2, но блесна во остатокот од натпревар.
Белорусинката во вториот сет три пати го брејше сервисот на противничката и не и нанесе голема штета загубениот сервис во петтиот гем, додека беше уште посигурна во решавачкиот дел од мечот.
Азаренка, која ја освои титулата на првиот Грен слем турнир во сезоната во 2012 и 2013 година, во осминафиналето ќе се сретне со победничката од дуелот Марија Сакари – Лин Жу.