Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков му одговои на украинскиот претседател Володимир Зеленски кој во видеобраќање на форумот во Давос рече дека не знае дали Путин е жив, пишува Тасс.
– Јасно е дека Русија и Путин се голем проблем за сегашната Украина и Зеленски. И јасно е дека, во чисто психолошка смисла, Зеленски би сакал да нема ниту Русија ниту Путин, но колку побрзо сфати, толку побрзо украинскиот режим сфаќа дека Русија и Путин постојат и ќе постојат – рече Песков.
Запрашан за коментарот на поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев дека поразот на Русија во Украина може да предизвика нуклеарна војна, Песков рече дека ставот на Медведев е „целосно во согласност со руската нуклеарна доктрина“.
Кремљ денеска соопшти дека колку побрзо Украина ги прифати барањата на Русија, толку побрзо ќе заврши конфликтот. Според Песков, Русија ќе ги постигне своите цели „на овој или оној начин“ и за Киев би било подобро да ги прифати руските позиции и да се договори на преговарачката маса.
– Колку побрзо украинскиот режим ја изрази својата подготвеност да ги исполни руските барања, кои ќе се реализираат на еден или друг начин, толку побрзо сè ќе заврши и украинскиот народ ќе може да почне да се опоравува од оваа трагедија, која ја почна режимот во Киев – им рече Песков на новинарите.