Ахмети за можното проширување на владината коалиција

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Обидот за влез на Алијансата на Албанците во Владата, претседателот на ДУИ Али Ахмети го објаснува со проширување на мнозинство и создавање на, како што ја нарече, Алијанса за Европа.

– Мислам дека парламентарното мнозинство е стабилно, но има еден поопширен и поперспективен пристап, значи да се прошири тоа мнозинство и да се создаде една Алијанса за Европа – изјави денеска Ахмети.

На прашање за стабилноста на парламентарното мнозинство во контекст на огнената група и пратениците од ДУИ, Амети вели дека тоа (разговорите со АА) нема никаква врска со огнената група.

Синоќа во интервју за ТВ 21 претседателот на Алијанса на Албанците Арбен Таравари изјави дека постои можност АА да стане дел од Владата, а ако тоа не се случи треба да се оди на избори.

Share This Article