More

    Почина војникот кој го уби Че Гевара

    spot_img

    Боливискиот војник Марио Теран Салазар, кој го уби кубанскиот герилец Ернест Че Гевара, почина во четвртокот на 80-годишна возраст во Санта Круз де ла Сиера, во источна Боливија.

    -“Тој умре. Тој беше болен и ништо не можеше да се направи за тоа“, изјави за новинарите Гери Прадо, командант на боливиската воена единица која го зароби Че во боливиската џунгла пред 54 години.

    Прадо дозна за смртта на Салазар во четвртокот наутро. „Ми кажаа членовите на неговото семејство и соборците бидејќи беше во воена болница“, рече тој. Болницата одби да ја потврди смртта поради „заштита на приватноста и доверливоста на медицинските податоци“.

    Боливиската армија го зароби Че Гевара, митски револуционер за време на Студената војна, во октомври 1967 година со помош на агенти на ЦИА. Че, кој сакаше да ги запали револуциите во Латинска Америка, тогаш предводеше неколку герилци во боливиските планини кои преживеаја борби, глад и болести.

    Уапсен и ранет, тој е префрлен во напуштено училиште во селото Ла Игуера. Таму ја помина последната ноќ. Тој беше убиен на 9 октомври од тогашниот наредник Теран Салазар (27), по наредба на боливискиот претседател Рене Бариентос, жесток антикомунист.

    „Тоа беше најлошиот момент во мојот живот. Видов висок, многу висок Че пред мене. Неговите очи беа светли“, изјави тогаш Теран Салазар. „Биди смирен“, ми рече. „И нишани внимателно, ќе убиеш човек“. Потоа се вратив назад, кон вратата, ги затворив очите и пукав“, рече тој.

    Че, кој беше легенда за време на неговиот живот, стана трофеј. Неговото тело беше изложено во блискиот град Валегранд и овековечено со фотографија на фотографот на АФП Марк Хатен.

    По триесет години служба, Теран Салазар се пензионираше и живееше во анонимност, избегнувајќи ги новинарите. Извесен период дури кажа дека не го убил познатиот герилец туку војник со исто име и презиме.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img