Најмалку 68 патници загинаа во авионската несреќа што се случи во неделата во Непал, а по четворица се уште се трага. Тоа е најсмртоносната авионска несреќа во последните 30 години во таа земја.Авион на „Јети ерлајнс“ летал од Катманду кон Покара и се урнал при слетувањето и се запалил. На социјалните мрежи почнаа да се шират снимки кои наводно го покажуваат моментот на падот на авионот. Видеото ја прикажува внатрешноста на авионот неколку моменти пред катастрофата, која се случила додека авионот се спуштал на аеродромот во градот Похара.
На видеото, наводно, снимено од Индиец по име Сону Џаисвал, се гледаат патниците како се смешкаат додека авионот лета над куќите. Над неговото рамо се гледа логото на Yeti Airlines, а може да се види и реклама за непалско осигурување.
Снимката продолжува пред камерата наеднаш да почне да се тресе и да почнат да се слушаат врисоци на патниците. Потоа камерата згаснува во црно со силен тресок и се гледа експлозија и пожар. MailOnline не ја потврди автентичноста на снимката, иако Тајмс оф Индија тврди дека разговарал со братучедот на Џаисвал, кој потврдил дека 29-годишникот бил во авионот.
Руската туристичка блогерка Елена Бандуро (33) е првата идентификувана жртва на авионската несреќа во Непал, а неколку моменти пред несреќата објави фотографија од авионот на која се потпишала со зборовите – „Оди во Непал“.
Покрај Елена, идентификувани се уште тројца Руси, Викторија Алтунина, Јури Лугин и Виктор Лагин.