Оди во Непал! Или на англиски – go to Nepal!
Ова е пoраката на селфито на туристичка блогерка Елена Бандуро (33) од Москва. Таа своите светски авантури ги споделуваше на Интернет.
Бандуро возбудено известуваше и за нејзиното последно патување во Непал.
Оваа е нејзиното последно селфи во животот, снимено токму во авионот кој денеска се урна и во кој загинаа сите 72 патници и членови на екипажот.
Покрај неа, во авионот имало уште тројца руски државјани.