Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (14.01.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 170 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 31 санкција, 18 мерки за возење без возачка дозвола, 35 санкции за возење под дејство на алкохол,шест мерки за нерегистрирани возила.
Изречени се шест пет санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), пет санкции за возач почетник…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.