Пејачката Клер Грајмс Башер (33) тајно родила уште едно дете со основачот на „Тесла“, Илон Маск, открила таа во насловната приказна на априлското издание на магазинот „Венити фер“.
И покрај фактот дека се разведоа во септември 2021 година, Грајмс сега откри дека Маск и таа се повторно заедно!
И не само тоа, туку и дека во декември добиле ќерка на која ѝ го дале името Exa Dark Sideræl, а ја нарекуваат Y, и дека ја добиле преку сурогат-мајка. Славниот пар го има и 22-месечниот син Ks Æ A-12.
Американските медиуми пишуваат дека девојчето се родило во декември. Пејачката открила за Vanity Fair дека ќерката ја крстиле Exa Dark Sideræl, но дека ја нарекуваат Y. Двојката веќе има син на кој му дале име X Æ A-Xii.
Грајмс истакнува дека, пред сѐ, Илон и таа се најдобри пријатели.
– Немам вистински зборови за тоа. Веројатно би го нарекла мој дечко, но ние сме многу флуидни. Живееме во посебни куќи. Ние сме најдобри пријатели. Се гледаме постојано. Само имаме некои свои работи и не очекувам другите да го разберат тоа. Ова е најдоброто нешто што се случило – нагласила пејачката.
Грајмс и Маск раскинаа по три години врска и се пишуваше дека Маск има нова девојка.
Таа додала дека сакаат уште деца.
– Најмалку три или четири – рекла пејачката.
Покрај двете деца со Грајмс, Маск има и пет сина од бракот со Џастин Вилсон.