More

    Русија ги враќа космонаутите дома

    spot_img

    Руската вселенска корпорација Роскосмос денеска соопшти дека ќе лансира вселенско летало што ќе врати тројца членови од екипажот на Меѓународната вселенска станица (МВС) на Земјата бидејќи капсулата во која летале била оштетена од удар на микрометеорит поради што од неа истекува течност за ладење.

    Руските космонаути Сергеј Прокопјев и Дмитриј Петелин и астронаутот на НАСА Френк Рубио пристигнаа на МВС што орбитира околу Земјата во септември со вселенското летало Сојуз МС-22 и требаше да се вратат кога ќе ја завршат својата мисија.

    Меѓутоа, минатиот месец на капсулата имаше дефект кога по удар на микрометеорит од една од коморите почна да истекува течноста за ладење, што доведе до повисока температура во кабината.

    По анализата на ситуацијата и разговорот со НАСА, Роскосмос одлучи на 20 февруари да ја лансира капсулата Сојуз МС-23 без екипаж, со која тројцата астронаути ќе се вратат, изјави шефот на Роскосмос, Јуриј Борисов.

    Мисијата на Прокопјев, Петелин и Рубио ќе биде продолжена, рече Борисов, но не даде информации за колку.
    Сојуз МС-23 првично требаше да биде лансиран во март од космодромот Бајконур во Казахстан со нов тричлен екипаж.

    Борисов рече дека Сојуз МС-23 ќе ја снабдува и Меѓународната вселенска станица.

    Во случај на вонредна ситуација на МВС што ќе бара евакуација на целиот екипаж пред да пристигне капсулата, официјалните лица ќе размислат дали Сојуз МС-22 сè уште може безбедно да ги врати космонаутите на Земјата, рече Борисов.

    Екипажот на МВС на 18 декември ја сними надворешноста на капсулата Сојуз МС-22 со камера на роботска рака од канадско производство како откако беше оштетена од удар на микрометеорит.

    Руските медиуми јавија дека температурата во капсулата се зголемила, но оти контролорите на земјата успеале да ја намалат на нормала.

    Борисов денеска изјави дека анализата потврдила дека истекувањето било предизвикано од микрометеороит и оти Сојуз МС-22 на крајот ќе биде вратен на Земјата без екипаж.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img