Потпретседателката на САД разговараше со полскиот претседател

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
epa09669863 Vice President Kamala Harris gives remarks in Statuary Hall of the U.S Capitol in Washington, D.C., USA, 06 January 2022, to mark the one year anniversary of the attack on the Capitol. EPA-EFE/Greg Nash / POOL
- Advertisement -
Ad image

Камала Харис, потпретседателката на САД на средба со полскиот претседател Анджеј Дуда рече дека цврсто стои зад Полска и дека сите членки на НАТО ќе влезат во одбрана, ако една земја-членка е нападната, под таканеречниот член 5 на Алијансата, пишува Н1.

– Членот 5 е многу важен за САД. САД се посветени на почитување на таа членка и се подготвени да ја бранат секоја педа од територијата на членка на НАТО. Ние сфаќаме сериозно дека нападот врз една членка на НАТО е напад врз сите членки – рече Харис.

Таа изјави дека САД ќе дадат дополнителни 50 милиони долари за помош на Полска, која се грижи за украинските бегалци, а средствата ќе ги обезбеди преку програмата за храна на Обединетите Нации. Според информациите кои ги изнесе претседателот на Полска, бројот на бегалци од Украина во оваа земја досега достигна 1,5 милиони.

– Украинскиот народ претрпе многу. Видовме слики на телевизија, слики на обични луѓе (од Полска, оп.а.) како прават извонредни работи и го поддржуваат достоинството на сосема непознати. Најпрво, во името на народот на Соединетите Американски Држави и претседателот на Соединетите Држави, би сакала да ви се заблагодарам вам и на народот на Полска за сè што правите секој ден, што е најдобро кај нас – му се обрати Камала на послкиот претседател Дуда.

Дуда му се заблагодари на народот на Полска, велејќи дека е горд што обичните Украинци им пружиле помош на Украинците кои ги напуштиле своите домови. Ги сместиле во нивните домови, мотели, хотели итн. Тој побарал поддршка од САД и светот во борбата против хуманитарната, бегалската криза која, како што рече, е големо изненадување за Полска, особено во време кога сѐ поскапе.

– Присуството на Камала Харис е уште еден доказ за поддршката на американскиот претседател, покрај одбранбеното оружје. Тоа значи дека на глобално ниво се случуваат важни работи. Мора да ја спасиме Украина, потребни се многу здружени раце и мора да бидеме обединети. Мора да воведеме дополнителни санкции кон Русија.

– Не можеме да прифатиме напади кои се карактеризираат со геноцид. Се бомбардираат болници, породилишта, станбени области каде што нема воени инсталации. Тоа е варварски чин кој има карактер на геноцид бидејќи се обидува да уништи еден народ – додаде тој.

Share This Article